Search

Во Грција регистриран првиот случај на коронавирусот од сојот омикрон

Во Грција е потврден првиот случај на корнавирусот од сојот омикрон, информира тамошниот министер за здравство Танос Плеварис. Инфекцијата е потврдена во Ханија, Крит, кај грчки државјанин кој се вратил од патување во Јужна Африка.

Теоклис Заутис, шефот на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), соопшти дека мажот долетал на Крит на 26 ноември и направил брз антигенски тест на аеродромот, на кој излегол негативен.

На вториот тест, кој го направил веќе следниот ден, откако развил благи симптоми на ковид-19, повторно добил негативен резултат, додека третиот, на 29 ноември, ја потврдил инфекцијата. Здравствените власти утрово потврдиле дека станува збор за варијантата омикрон.

Треба да знаете
Последни објави