Search

Во Бразил рекорден број смртни случаи од последици од Ковид-19

Во Бразил се регистрирани 1.595 починати лица од последици од Ковид-19, што е нов рекорд на дневно ниво, соопшти бразилското Министерство за здравство.

Бројот на смртни случаи во Бразил се зголеми во последните недели бидејќи вирусот се шири во нови региони, при што во просек повеќе од 1.000 луѓе умираат дневно од последици на новиот коронавирус во земјата.

Бразилското Министерство за здравство досега има регистрирано вкупно 2,5 милиони позитивни случаи на Ковид-19 и 90.134 смртни случаи, со што Бразил е втора најпогоден земја во светот од пандемијата на новиот коронавирус, по САД.

Треба да знаете
Последни објави