Search

Владиката Милутин од СПЦ ја загуби битката со коронавирусот

Епископот ваљевски г. Милутин од Српската православна црква (СПЦ) почина на 79-годишна возраст како резултат на коронавирусот. Како што пренесуваат српските медиуми, владиката Милутин починал во 2 часот по полноќ во болницата „Драгиша Мишовиќ“ во Белград.

Епископот г. Милутин бил позитивен на коронавирусот заедно со уште двајца свештеници од неговата епархија. Од неговиот Кабинет соопштија дека г. Милутин немал посета од никаква делегација, свештеници или верници во последно време, а самиот епископ не патувал во ниту едно кризно подрачје погодено од коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави