Search

Вилијам Бар избран за нов министер за правда во САД

Сенатот на американскиот Конгрес го потврди именувањето на Вилијам Бар за нов американски министер за правда. За изборот на Бар, кој е кандидат на американскиот претседател Доналд Трамп, гласаа 54 сенатори, а против беа 45.

Бар го поддржаа речиси сите републиканци и тројца сенатори на демократите, јави Би-би-си.

Тој како министер за правда ќе ја преземе контролата врз истрагата за вмешаноста на Русите на претседателските избори во 2016 година, предводена од специјалниот советник Роберт Милер.

Новиот министер доаѓа на местото на Џеф Сешонс, од кој трамп беше незадоволно особено бидејќи се иззема од истрагата на Милер. Бар веќе беше министер за правда на САД, од 1991 до 1993 година, за време на администрацијата на претседателот Џорџ Буш постариот.

Треба да знаете
Последни објави