Search

(Видео) Mомче од Хрватска пронајдено мртво во шума во Германија

Mомче од Хрватска е пронајдено мртво во шума во Германија. Сибирач на печурки во пронашол телото на момчето во неделата по што повикал полиција. телото на 27 годишниот Кристијан Б. е дадено на обдукција. На неговото телот се пронајдени повеќе повреди, како и убоди од нож. Полицијата привела брачен пар од германската федеранла покраина Баварија. Тие се осомничени за убиството.

Според медиумите, 31-годишен маж е заджан во притвор, додека неговата жена е пуштена да се брани на слобода. Полицијата ги утврдува причините за убиствоот, но првичните сомнежи се дека момчето се заљубило во погрешна жена.

Полицијата се сомнева дека младиот човек бил убиен во саботата попладне и дека телото потоа со возило било однесено во шумата и било оставено таму. Полицијата го пребарала неговиот мобилен телефон и утврдила дека момчето дента на убиството комуницирало со осомничениот пар. Тие го заплениле и возилото во кое телото на убиениот било однесено во шумата.

,,Тие се обиделе да ги скријат трагите во автомобилот, но пронајдовме траги од крвта на убиениот. Двојката даде контроверзни изјави и го негираа убиството”,велат од полицијата.

Треба да знаете
Последни објави