Search

(Видео) Тепачка во косовското собрание

За време на интерпелацијата на косовскиот премиер Авдула Хоти и дебатата за исчезнатите лица за време и по војната се се степаа пратениците во Собранието на Косово. Поради напнатата ситуација претседателката на седницата, Арберие Нагавци, побара Собранието да направи пауза до 15 часот.

За физичката пресметка меѓу пратениците на Демократската лига на Косово и Движењето Самоопределување пратеникот од редовите на Самоопределување, Димал Баша го обвини вицепремиерот на Косово, Дритон Селманај.

-Целосна напнатост во Собранието денес дојде како резултат на кловнот Селманај кој доаѓа таму и ги навредува пратениците на тема исчезнати лица. Оваа тема е крајно емотивно наполнета, но за ова кловнот се смета за исцрпен и затоа смета дека е неважен. „Ова е влада на срамот и овој кловн е кулминација, напиша тој на Фејсбук.

Треба да знаете
Последни објави