Search

(Видео) Силно невреме во Црна Гора

Силно невреме проследено со пороен дожд синоќа го погоди поголемиот дел од Црна Гора, а во Подгорица поплавени се неколку улици и причинета е помала материјална штета, јавија локалните медиуми.

Невремето почнало синоќа после полноќ, а до раните утрински часови имало пороен дожд и силен ветер кој откорнал дрвја и гранки.

Поради невремето, отежнат бил сообраќајот во Подгорица, а некаде е и во целосен прекин.

Метеоролозите за денеска најавија променливо облачно време, а се очекува на места пороен дожд и грмежи, јавија црногорските медиуми.

Вчера и во текот на ноќта силно невреме имаше и во делови од Македонија, Србија и Хрватска.

https://www.facebook.com/p.vremeplov/videos/2431454423821427/?t=3

Треба да знаете
Последни објави