Search

(Видео) Пендаровски: Бугарија нè извлече од изолација

Не се преувеличување квалификациите што Зоран Заев често ги дава за улогата на Бојко Борисов и актуелната бугарска влада во последните две години, според кои бугарскиот премиер заедно со Ципрас ни помогнаа побрзо да се извлечеме од меѓународна изолација, изјави претседателот Стево Пендаровски, во интервју за „Бгнес“.

Тој вели дека експремиерот Никола Груевски, додека бил на власт, ја продолжил југословенската агресија против Бугарија.

„Јас навистина мислам дека со договорот за пријателство со Бугарија се ослободивме од тешкиот авторитарен режим од страна на Никола Груевски, што не беше само антизападен режим, но и антиалбански и антибугарски. Во тоа време сè што доаѓаше од Софија потсетуваше на најлошите времиња на комунизмот“, вели Пендаровски.

Треба да знаете
Последни објави