Search

(Видео) Нема веќе дивјачко возење кај Јаја Паша: Бетонска банкина на Цветан Димов

Град Скопје реши да му стави крај на дивјачкото возење во Чаир па булеварот Цветан Димов вечерва доби бетонска банкина, дознава 24 Инфо.

ЈП”Улици и патишта” поставува во моментов бетонски жардинери долж улицата од потегот кај Јаја Паша џамијата до ТЦ”Чаирчанка”.

Бетонската ограда треба да го спречи непрописното возење по булеварот и особено полукружните свртувања кои ја загрозуваат безбедноста на пешаците.

На местото се градоначалникот Петре Шилегов и директорот на ЈП, Сенад Смаиловиќ.

Треба да знаете
Последни објави