Search

(Видео) На денот на жалост ечи турбофолк од дискотека во центар

Од дискотеката „Муд најт клаб“ во центарот на Скопје на вториот ден на жалост поради автобуската несреќа во која загинаа 14 лица вечерва ечи гласна турбофолк музика. Жители кои живеат близу дискотеката до „Макфакс“ испратија видео на кое се слуша гласна музика од забава во дискотеката.

Вториот ден на жалост трае до полноќ, а музиката се пушта од 21 часот. Дискотеката се наоѓа веднаш до меѓуградската автобуска станица од каде за последен пат тргна кобниот автобус.

Владата прогласи дводневна жалост поради смртта на 14 лица кои загинаа на автопатот Скопје – Тетово. Според сознанија на „Макфакс“ од жителите кои живеат во близина, бучавата од дискотеката била пријавувана повеќепати во полицијата и во Инспекторатот за животна средина на општина Аеродром, но судејќи по вечерашното непочитување на денот на жалост, ефекти нема.

Треба да знаете
Последни објави