Search

(Видео) Мексико проиреди сензационално изненадување со триумф над САД во мундијалските квалификации

Кошаркарската селекција на Мексико ги изнеанди во мундијалските квалификации САД приредувајќи сензационална убедлива победа од 97:88. Нико од неприкосновениот тим на САД иако настапи без НБА-ѕвездите не очекуваше дека ќе биде совладан и тоа од Мексико, кој нема некој кошаркарска традиција.

По две одиграни кола во квалификациите за Мундобаскетот, Мексико е единствената непоразена селекција во групата Д, Порторико има скор 1-1 исто како и САД, а Куба е со два пораза.

Мексиканците до големата победа ги предводеше ветеранот Орландо Мендес-Валдес со 27 поени, шест асистенции и два скока. Најефикасен во американскиот состав беше Ајзеа Томас, кој моментално е без тим, со 21 поен и 10 асистенции, но имаше и шест загубени топки.

Треба да знаете
Последни објави