Search

(Видео) Изгоре куќа во Катланово, татко и син останаа без дом, бараат помош

Чедомир и неговиот син Бобан Насковски од Катланово останаа без кров над глава откако пред десет дена им изгоре куќата во Катланово.

Двајцата живееле сами во куќата, а по пожарот се сместени кај пријатели во Петровец.

Токму тие се обратија до 24Инфо за да побараат помош за нивните пријатели.

-Почитувани активисти и партнери. Татко и син изгубија куќа во Катланово. Моментално се сместени во Петровец кај наш пријател.

Вечерва ги договараме сите организации и донатори за сите фази на организирана помош. Моментално имаат потреба од облека , храна , хигиенски средства и некое ќебе. Дополнително – Фирми градежни кои би помогнале се потребни. И во третата фаза последователно се друго фрижидер , кревети , маса , столици итн, рекоа соговорниците.


Граѓаните може да се јават на телефонот 071632400 или да донираат на трансакциска сметка.

Треба да знаете
Последни објави