Search

(ВИДЕО) Груевски помина лесно на суд, но тешко со новинарите кои му поставуваа незгодни прашања

Поранешниот премиер Никола Груевски денеска во Основниот суд во Будимпешта доби многу повеќе прашања од присутните новинари отколку од судот, кој одби негова екстрадиција.

Додека надвор од судницата ја чекаше одлуката по сослушувањето, Груевски беше опкружен од повеќе медиумски екипи. Дел од новинарите беа особено упорни во обидите да добијат изјава од Груевски, кој за цело време одбиваше да одговори на поставените прашања.

Откако видоа дека не сака да зборува за денешното рочиште, новинарите се обидоа да го испровоцираат со различни прашања, некои и потсмешливи. На пример, поранешниот премиер беше прашан што мисли за исходот на неодамнешните европски избори, со кои пари престојува во Унгарија и дали работи нешто, дали сака повторно да биде македонски премиер, што мисли за актуелната влада во земјава…

„360 Степени“, во соработка со „РТЛ Унгарија“, обезбеди подолг видео-материјал од доаѓањето на Никола Груевски во судница, чекањето на одлуката и заминувањето. Груевски доби многу повеќе прашања отколку што ќе видите во видеото.

Извор: 360 степени

Треба да знаете
Последни објави