Search

(Видео) Британски милионер убиен во заседа во Шпанија

Еден британски милионер беше брутално убиен во заседа во Сан Педро де Алкантара, во близина на познатото шпанско одморалиште Марбела. На телото на жртвата иследниците изброија 12 прострелни рани. Полицијата не го објави името на жртвата, но британски „Сан” вели дека е бизнисмен познат како Марко Јакут (49), за кој се верува дека всушност се вика Абделхади. Весникот, исто така, наведува дека тој поседувал најмалку пет добро познати ноќни клубови во Порто Банус, особено популарни меѓу британските туристи.

Локалните власти подоцна објавија дека убиецот го чекал Јакут пред неговата луксузна вила, му пристапил додека влегувал со своето „бентли“ во дворот и испукал во дури 20 куршуми во автомобилот. Нападот се случил околу три часот наутро.

https://youtu.be/QTS9aO8yy-o

Треба да знаете
Последни објави