Search

Вајлдер: Не би можел да се борам во ММА, ќе убијам некого!

Светскиот шампион во тешка категорија во серијата ВБЦ, Дионтеј Вајлдер откри зошто не размислувал да направи свое деби во ММА. Американецот нема намера да ја промени својата улога, бидејќи е убеден дека како борец ММА би убил некој од неговите ривали со ударите.

– Порано зборував за префрлување во ММА и подготвен сум да се борам со кој било во спортот, но знаете, сето ова е во доменот на фантастиката. Во овој спорт, можете да докрајчите борец кој е легнат на подот, да го удрите во главата со нараквици од 4 унци. Јас сум премногу опасен за кој било вид мешани боречки вештини. Дефинитивно би одзел нечиј живот, бидејќи моите вештини и сила се на неверојатно ниво. Тоа е вистината, изјави „бронзениот бомбардер” за „Боксинг Војс”.

Американецот треба да се бори против Тајсон Фјури на 22 февруари во реванш-дуел за титулата во ВБЦ.

Треба да знаете
Последни објави