Search

Бугарија втор ден по ред бележи рекорден број на новозаразени лица со коронавирусот

Бугарија втор ден по ред бележи рекорден број на новозаразени лица со коронавирусот. Во последните 24 часа во зејата се потврдени 2.569 нови случаи. Како што е објавено на официјалниот сајт за следење на епидемијата, во тој период се тестирани 11.226 лица. Претходниот ден се забележани 2.243 нови случаи врз основа на 7.659 тестирани примероци.

Од последниот пресек починале уште 25 лица, пренесе „БТА“. Во Бугарија моментално се активни 22.597 случаи, во болниците се 2.217 пациенти од кои 145 на интензивна нега.

Заразени се и 2.020 медицински работници.

Од почетокот на епимдеијата во Бугарија се регистрирани 42.701 случај на коронавирус, а починале 1.161 лице.

Треба да знаете
Последни објави