Search

Бројот на починати во Франција се зголемува три дена по ред

Француските здравствени служби објавија нови 499 смртни случаи од коронавирус, со што бројот достигна 3.523.

Трет ден по ред бројот на починати се зголемува во Франција, која веќе трета недела е блокирана во обид да го забави ширењето на вирусот.

Официјалниот претставник Жером Соломон изјави дека бројот на заразени во Франција се зголемил на 52.128.

Според него, 5.565 лица се во сериозна состојба и им треба помош на машини за одржување во живот.

Во дневните бројки на француската администрација спаѓаат оние што починале во болниците, но властите велат дека наскоро ќе можат да соберат податоци за смртни случаи во старски домови

Треба да знаете
Последни објави