Search

Бројот на заразени со Ковид-19 во САД достигна 690.714

Бројот на заразени од новиот коронавирус во САД е зголемен за 29.002 за последните 24 часа и сега изнесува  690.714, соопштија од Националната здравствена служба на САД.

Смртните случаи се зголемиле за 2.394 и достигнаа 35.443.

Податоците објавени од федералната здравствена служба се за 17 април. Тие може да не се совпаѓаат целосно со броевите што ги соопштуваат одделните држави, јавија британски медиуми.

Треба да знаете
Последни објави