Search

Брнабиќ: Што и да се случи, Србија останува на истиот пат на мирот и стабилноста

Српската премиерка, Ана Брнабиќ, изјави дека без оглед што ќе се случи во приштинското собрание, Србија останува на истиот пат на мирот и стабилноста.

Фокусот на Србија, како што истакна Брнабиќ, останува на соработката, развивање на економијата, работни места, знаењето, образованието и креативноста.

Таа нагласи дека ова е тежок ден за неа, нагласувајќи дека Србија продолжува да се движи по истиот пат.

Српската премиерка оцени дека без стабилност во регионот нема ниту стабилност ниту иднина во Србија.

Треба да градиме иднина, а не да подигнуваме бариери, да спречуваме медиуми на мајчин јазик, да спречуваме соработка и да заплашуваме луѓе“, рекла Брнабиќ.

Треба да знаете
Последни објави