Search

Бркотница низ скопските улици, полицијата пронашла дрога

Во возило на 27-годишен скопјанец, полицијата пронашла околу три килограми марихуана.

Како што соопшти МВР, полициските службеници на улицата Македонско Косовска Бригада и улицата Босна и Херцеговина во Скопје, издале наредба за запирање на возило со скопски регистерски таблици, но возачот не запрел туку продолжил со движење. Веднаш биле преземени мерки и активности за негово запирање и на регионалниот пат Хиподром- Катланово во близина на Сточен пазар возилото било запрено.

Лицето било приведено во полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави