Search

Браќата Инзаги како тренери на Лацио и Беневенто имаа победнички старт во Серија А

Браќата Филипо и Симоне Инзаги кои ги предводата тимовите на италјанските калчолигаши Лацио и Беневенто имаа победнички нстарт во новата сезона од Серија А. Лацио на Симоне победи на гостувањето кај Каљари со 2:0, а Беневенто на Филипо во Џенова ја совлада Сампдорија со (3:2).

Со овие резултати Лацио и Беневенто и приредија победнички ден на браќата Инзаги. Лацио беше сигурен на Сардинија каде го победи Калјари со 2:0, додека Беневенто како дебитант во Серија А, направи целосен резултатски пресврт на гостувањето кај Сампдорија. Затоа 26 септември 2020 ќе биде запишан во историјата на Беневенто како победничко деби во Серија А. По само 18 минути игра дебитантот имаше негатива од два гола против Сампдорија, но не се предаде и на крајот се радуваше на триумф.

 

Треба да знаете
Последни објави