Search

БПЦ нема да учествува на Саборот на патријарсите во Аман

Светиот синод на Бугарската православна црква соопшти дека нема да испраќа свој претставник на Саборот на патријарси во престолнината на Јордан, кој во организација на Ерусалимскиот патријарх Теофил Трети ќе се одржи на 26 февруари.

Во соопштението од бугарскиот Синод, кое го пренесува БГНЕС, се вели дека Синодот на БПЦ „ќе се воздржи од учество и нема да испрати свој претставник во Аман”

За средбата во Аман досега учество потврдија единствено патријарсите на Русија и Србија, додека сите останати православни цркви категорично одбија да присуствуваат на средбата. Последниот кој не ја прифати поканата беше грузискиот патријарх Илија Втори, на почетокот на неделава.

Според најавите, на дневен ред на средбата ќе биде украинското прашање, кое предизвика голема поделба во православниот свет. Во обид да ги смири раскараните православни христијани поради автокефалноста на Украина, патријархот Теофил Трети, кој е во пријателски однос со кралот на Јордан Абдула Втори ибн ел Хусеин, во Аман ја организира средбата.

Според вселенскиот патријарх Варталомеј, кој ја одобри украинската автокефалност, иницијативата на ерусалимскиот патријарх е задоцнета и претставува закана по единството на Православната црква.

Треба да знаете
Последни објави