Search

Боки побара изземање на судијката: Заради Вас фалеа само 30 минути фатално да завршам

Бојан Јовановски-Боки 13 денеска со бастун дојде на рочиштете во предметот „Рекет 2“ по хоспитлизацијата и за прв пат од домашен притвор во кој е веќе две недели. На 8 септември тој од затворот во Шуто Оризари итно беше префрлен на операција на желудникот, по што следуваа одложувања на судските рочишта за овој предмет. Во меѓувреме, Апелацискиот суд во Скопје му ја прифати жалбата и му ја замени мерката притвор со домашен притвор.

Боки веднаш по почнување на рочиштето кој го води судијката Софче Гаврилова, побара нејзино изземање, поради како што вели, пристрасност при носењето на пресудата за „Рекет“.

-Вие почитувана судијо носите одговорност за мојата состојба. Фалеа само 30 минути за да фатално заврши мојата состојба. И вие самата изјавивте дека со оглед дека сте биле дел од Рекет, веќе сте оформиле мислење, па не може да се очекува дека при донесувањето пресуда за Меѓународен сојуз, нема да бидете пристрасни, изјави Боки 13.

Исто така, Јовановски посочи и дека судијката Гаврилова на претходното рочиште имала дискриминаторски говор и го етикетирала.

-Штом се спомене дека ова е политички предмет, а вие сте политички инстринуирани вие ме прекинувате“, рече Јовановски, по што од страна на судијката му беше одземен зборот.

Сепак, судијката го опомена Јовановски да биде коректен во судницата и посочи дека денешното судење нема да биде прекинато поради барањето за нејзино изземње, бидејќи тоа и претходно било барано, па предлогот ќе  достави до претседателот на судот да се разгледа по завршување на рочиштето.

Инаку, во случајот „Рекет 2“, првообвинет е Бојан Јовановски кому на терет му се ставаат делата за перење пари и измама. Исто така, во овој случај и Фросина Ременски се товари за помагање на делото измама, додека Јасна Мандиќ, како и таткото на Боки, Миле Јовановски, но и асистентката Христина Блажевска, се сомничат за помагање на делата.

Во овој случај како правно лице осомничен е и Меѓународниот сојуз.

Треба да знаете
Последни објави