Search

Блокотехна го освои трофејот во БИБЛ

Блокотехна го освои трофејот во БИБЛ

Екипата на Блокотехна од Гевгелија е нов шампион во регионалната кошаркарска Балканска лига – БИБЛ. Македонскиот претставник во финалето вчеравечер во Тирана, Албанија беше поуспешен од домаќинот на завршниот Ф4 турнир Теута со 82:68.

Брендон Пен со 31 поен беше најефикасен играч на натпреварот. Двоцифрени во победничкиот тим беа и Божо Дујмиќ со 17, Петар Николиќ со 15 и Марјан Младеновиќ со 14 поени.

Ова е прв трофеј за Блокотехна во своето двегодишно постоење.

Во натпреварот за третото место, Академик во победи Берое со 86:57.

Треба да знаете
Последни објави