Search

Бесплатно собирање кабаст отпад од сабота до вторник во Општина Карпош

Во периодот од 21 септември, сабота, до 24 септември, вторник, ЈП Комунална хигиена – Скопје ќе постави три контејнери за подигнување на кабаст отпад, на три различни локации во Општина Карпош.

Контејнерите ќе бидат поставени на улица Брадфордска, во близина на ресторанот „Македонска куќа“ во Козле; на улица Женевска, во близина на автобуската постојка кај последна „24“, во Тафталиџе 2 и на улица Ванчо Мицков, кај постоечките контејнери на ЈП КХС, во Долно Нерези.

Општина Карпош ги повикува сите граѓани да ги отстранат непотребните делови од домашниот мебел, бела техника, апарати за домаќинство (шпорети, ладилници, машини за перење и слично) и да ги стават во овие наменски контејнери.

По завршување на акцијата, контејнерите ќе бидат подигнати од страна на ЈП Комунална хигиена.

Треба да знаете
Последни објави