Search

Берош нареди целосна мобилизација на здравството во Хрватска

Хрватскиот министер за здравство Вили Берош објави дека наредил целосна мобилизација на здравството. Берош на својот Фејсбук профил напиша дека моменталната состојба со коронавирусот во Хрватска ги принудува сите во здравствениот систем на вонреден ангажман, од лекари од примарна здравствена заштита, амбуланти, институти за јавно здравје до сите болници кои згрижуваат пациенти.

– Како министер за здравство, наредив целосна мобилизација на целиот систем на јавно здравје во Хрватска. Сега е време да покажеме вистинска посветеност на нашиот повик, напиша Берош. 

Треба да знаете
Последни објави