Search

„Берберот од Малча“ обвинет за киднапирањето на малата Моника

Јавното обвинителство во Ниш вчера подигна обвинение против Нинослав Јовановиќ (46) познат како „Берберот од Малча“, но, сепак, нема детали за тоа точно за што се товари, откако беше уапсен на 5 јануари под сомнение за киднапирање и малтретирање на Моника К. (12) од Суво Дол во близина на Ниш. Ако биде осуден за наведените дела му се заканува затворка казна од 20 години или доживотен затвор.

Имено, на 20 декември тој со измама ја внел Моника К. во автомобил, откако ја убедил дека е новиот електричар во нејзиното училиште. Потоа тргна најголемата потера во Србија, а девојчето беше пронајдено во напуштена куќа во селото Пасјача девет дена по киднапирањето. Сепак, Јовановиќ тогаш избега од полициска потера и беше уапсен седум дена подоцна на селските гробишта во родното село Малча.

На сослушувањето на обвинителството, Нинослав Јовановиќ го опиша целото киднапирање, надевајќи, врз искуството од претходните судења дека тоа би создало барем некоја олеснителна околност.

Педофилот, кој два пати бил осудуван за силување, прекарот го добил така што на жртвите им ја стрижел косата, исто како што и направил на Моника.

 

Треба да знаете
Последни објави