Search

Белгиската министерка за надворешни работи позитивна на коронавирусот

Белгиската министерка за надворешни работи Софи Вилмес денес соопшти дека е позитивна на коронавирусот.

– Мојот тест за Ковид-19 е позитивен. Заразата најверојатно се случи во кругот на семејството, имајќи ги предвид превентивните мерки што ги презедов надвор од дома, напиша Вилмес на Твитер.

Вилмес во петокот рече дека оди во самоизолација затоа што има симптоми на коронавирус.

На 12 октомври, таа присуствуваше на состанок со другите министри за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ во Луксембург.

Треба да знаете
Последни објави