Search

Барди се врати во тимот на Леванте со едно полувреме

Македонскиот фудбалски репрезенативец Енис Барди по пауза од скоро два месеци откако го повреди бутниот мускул, се врати во тимот на шпанскиот ла-лигаш Леванте. Одигра цело второ полувреме на гостувањето кај Севилја која славеше со 5:3.

-Секое отсуство ги чини скапо фудбалерите. Мене ми беше тешко на враќањето, но тоа е минато и во моментов сум фокусиран на следните предизвици. Сакам да освоиме што е можно повеќе бодови на домашен терен, бидејќи тука сме посилни, кажа Барди  за „Мундо Депортиво“.

Во следното 11. коло Леванте ќе го пречека пред своите навивачи актуелниот шпански првак Атлетико Мадрид кој со натпревар помалку во трката за одбрана на титулата заостанува три бода зад водечкиот Реал Сосиедад, додека Леванте е во грчевите битка за бегство од опасната зона, бидејќи по 10 одиграни натпревари е на 19. претпоследно место на табелата.

 

Треба да знаете
Последни објави