Search

Ајакс бара 25.000.000 евра за лев бек

Ајакс ја постави цената за левиот бек Никола Таљафико.

Клубот од Амстердам нема да го продаде за помалку од 25.000.000 евра.

Бројни европски великани се заинтересирани за играчот на репрезентацијата на Аргентина.

Таљафико пристигна од Индепедиенте во 2018 година и оттогаш е стандарден играч во тимот на Ерик тен Хаг.

Тој има одиграно 38 натпревари за Ајакс оваа сезона, постигна пет гола и забележа седум асистенции, а во поголемиот дел од сезоната играше како централен дефанзивец.

За него има интерес од Манчестер Јунајтед, Барселона и Јувентус, па Ајакс најверојатно ќе го продаде, бидејќи Таљафико не сака да го продолжи договорот со холандскиот тим.

Левиот бек во моментов има договор до летото 2022 година.

Треба да знаете
Последни објави