Search

Анкета на Прототема: Нова Демократија би освоила 154 пратеници, Сириза 75

Опозициската Нова демократија има убедливо водство пред владејачката СИРИЗА пред предвремените парламентарни избори во Грција кои ќе се одржат на 7 јули, покажала анкетата направена за весникот „Прото тема“ и која ќе биде објавена во неделното издание, пренесува „ПресингТВ“.

Според анкетата, Нова Демократија на Киријакос Мицотакис води пред партијата на премерот Алексис Ципрас со 9,8 проценти, односно НД би добила 154 пратеника, а СИРИЗА 75 од вкупно 300 места во Парламентот, што значи Мицотакис би имал обезбедено мнозинство. На трето место е КИНАЛ со 22 пратеника.

Од расположението на гласачите е видливо дека цената за Преспанскиот договор ја платија Потами (Река) на Теодоракис, но и АНЕЛ (Независни Грци) на Панос Каменос. Двете партии не се меѓу првите седум партии според освоените гласови.Тој се противеше на договорот, поради кој поднесе оствка во Владата, но беше коалициски партнер на Ципрас и нивни пратеници гласаа за договорот.

Мерена е и популарноста на лидерите. И тука води Мицотакис со 44, 8 проценти, втор е Димитрис Котсубас (генерален секретар на Комунистичката партија) so 33,9, потоа следува Ципрас со 32,2 и Варуфакис со 29,5.

Треба да знаете
Последни објави