Search

Американски и канадски воени инспектори во набљудувачки летови над Русија неделава

Група американски и канадски воени инспектори ќе изведат набљудувачки летови над територијата на Русија неделава во рамките на меѓународниот Договор за отворено небо, пренесува весникот „Краснаја звезда“ повикувајќи се на висок функционер од руското Министерство за одбрана.

Руските воени инспектори, пак, ќе изведат набљудувачки летови во рамките на Отворено небо неделава над териториите на Белгија, Холандија, Луксембург и на Португалија.

Шефот на Националниот центар за намалување на нуклеарните ризици при руското Министерство за одбрана, Сергеј Рижков, изјави дека Русија ќе изведе набљудувачки летови во периодот од 16 до 20 септември над териториите на Бенелукс и Португалија со авиони Ан-30Б и Ту-154М-ЛК-1.

„Заедничка мисија на САД и Канада ќе изведе набљудувачки летови над територијата на Русија во периодот од 16 до 20 септември со авиони ОЦ-135Б, кои ќе полетуваат од аеродромот Кубинка“, додаде Рижков.

Договорот за отворено небо беше потпишан во 1992 година и вклучува 34 земји-членки, а стапи на сила во 2002 година. Набљудувачки летови се спроведуваат над Русија, САД , Канада и над европските земји.

Клучните задачи на договорот се да се развие транспарентност, да се следи исполнувањето на договорите за контрола на вооружувањето и да се прошират можностите за спречување на кризи во рамките на ОБСЕ и други меѓународни организации.

Треба да знаете
Последни објави