Search

Алтернатива започува кампања за спречување на иселувањето

Централното претседателство на Алтернатива, донесе одлука која синоќа беше прифатена и од Централното собрание на партијата, за прогласување на новата политичка платформа под наслов „Наше огниште – наша АлтернАтивА“.

Синоќа по неколкучасовна дебата во двата органи на партија, беше донесена одлука од денес Алтернатива да започне со промоција на кампањата за сензибилизација, која е артикулирана преку платформата за спречување на иселувањето „Наше огниште – наша АлтернАтивА“
Алтернатива смета дека во време кога интеграциониот процес на земјата е на добар пат и нема враќање од тоа, не е тешко да се констатира дека, покрај низа незатворени проблеми, како што се меѓуетничките односи, но и високата корупција и недоволно присуство на правната држава, најголем проблем за Северна Македонија, следствено и за Албанците во ова држава, е масовното иселување на младите и испразнувањето на нашите населени места.
Алтернатива, како десничарска партија која се ангажира за зачувување на населението во овие краишта и не сака да остане рамнодушна кон овој проблем, смета дека спречувањето на иселувањето е наша историска, етничка, културна и религиозна должност, информира партијата.

За таа цел, Алтернатива подготви документ, во кој се идентификувани причините на иселувањето, но и мерките кои треба да се превземаат за спречување на таа појава. Тука е почетокот на кампањата за сензибилизација, но и синтетизираниот програмски идентитет на Алтернатива.

,,Идејата на нашиот политички субјект е ова кампања да се реализира низ три фази: 1) во првата фаза ќе се спроведе акција за сензибилизација против иселувањето, но и комуникација со граѓаните за да се слушнат непосредно од нив причините за оваа појава, како и нивните предлози за спречување на истата: 2) втората фаза предвидува трибини, панели и дебати со експерти од различни области, во кои ќе се дискутира за причините на иселувањето, како и за мерките за спречување на оваа појава: и 3) во последната фаза, откако ќе се резимираат сите податоци од првите две фази, Алтернатива ќе му предложи на Владата на Северна Македонија една „Национална стратегија за спречување на иселувањето на населението“, која откако ќе биде усвоена, ќе започне со имплементација на предложените мерки.

Затоа од денес челниците, функционерите и другите претставници на партијата ќе бидат на терен, да поразговараат со граѓаните и да го слушаат нивниот глас за овој проблем. Како политичка партија која секогаш е покрај граѓаните, сметаме дека единствениот начин за автентично претставување на граѓаните е преку непосредно слушање на нивниот глас и при директен контакт со нив. Нашите огништа се аманет за нас“, велат од партијата.

Треба да знаете
Последни објави