Search

Албанија им забрани влез на околу 100 Грци

Албанија соопшти дека им забранила да влезат во земјата на околу 100 Грци кои тргнале кон селото Буларат. Според информациите, Грците тргнале на парастос од 40 дена по убиството на грчко-албанскиот државјанин, Констандинос Кацифаса.

Тешко вооружена полиција на Албанија не пуштила 98 Грци преку границата и уапсила еден грчки полицаец кај кого нашла пиштол. Останатите не се пуштени во Албанија зошто немале документи за премин на границата или затоа што се наоѓале на листата на кои им е забранет влезот. Кацифас (35) загина на 28 октомври при размена на оган со албанската полиција, која се обидела да го уапси, бидејќи за време на грчки државен празник, се судрил со албански полицаец.

Тој случај ги влоши ионака лошите односи меѓу Атина и Тирана.

Треба да знаете
Последни објави