Search

Адеми потпиша Декларација за соработка со Меѓународната школа за студии на холокаустот

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми и директорката на Меѓународната школа за студии на холокаустот при ,,Yad Vashem” во Јерусалем потпишаа заедничка Декларација за соработка момеѓу двете институци, со која се продлабочува уште понатаму билатералната соработката во областа на образованието помеѓу Македонија и Изралел.

„Цврсто верувам дека оваа заедничка декларација ќе доведе до зајакнување на билатералните врски меѓу двете институции, да се потенцира важноста на образованието за Холокаустот во Република Македонија и да се обезбеди понатамошна консултација и соработка“, изјави Адеми.

Годинава одбележавме 75 години од депортацијата на 7.144 евреи од Македонија или 98% од еврејската популација, во тој период до Треблинка. На 11-ти март, националниот комеморативен ден на Холокаустот, како што информираше министерот, македонскиот парламент одржа посебна комеморативна седница и усвои Декларација со која се нагласува постојаната определба на државата никогаш да не ги заборави жртвите на Холокаустот. Исто така Владата на Република Македонија ја усвои работната дефиниција на анти-семитизмот.

За таа цел, Бирото за развој на образованието, кое е институција одговорна за наставните програми на училиштата во нашата земја, објави дополнителни материјали за Холокаустот. Ова се материјали подготвени од страна на IHRA, но потоа преведени на македонски јазик и споделени со сите училишта во Македонија„ истакна министерот Адеми. За да истрае сеќавањето на Холокаустот, треба да ги поучуваме младите генерации, додеде тој истакнувајќи дека токму затоа остануваме посветени да продолжиме да го вклучиме образованието за Холокаустот во наставните програми во јавниот образовен систем, да ги поттикнуваме активностите за обука на наставниците и да развиваме или набавиме ресурси и материјали потребни за такво образование. Затоа оваа заедничка декларација е многу важна за нас.

Треба да знаете
Последни објави