Search

АА и Алтернатива: Да се креира национална стратегија на образование во далечина и креирање на Кризен штаб

Интегрален текст од прес конференција на коалицијата АА и Алтернатива

„Кога во Март оваа година се соочивме за прв пат да бидеме принудени образовниот систем да се спроведува во далечина, сведоци бевме на многу пропусти и недостатоци при одвивањето на наставата во далечина но и неспремност од страна на МОН и БРО за овој начин на спроведување на наставата. Тогаш стручната јавност беше воздржана на критики кон Државните институции и остави простор работите да се  движат и секој на свој начин се обидуваше да даде придонес во овој процес. И надежите беа големи дека ќе бидат консултирани сите стекхолдери и ќе се најде брзо решение со креирање на национална платформа за учење во далечина што за жал не се оствари.

Освен што не се придвижија работите кон таа насока МОН ги остави наставниците неподготвени и без соодветна поддршка, без основните упатства за спроведување на настава во далечина а да не Збориме за критериуми и упатства за оценување на постигнувањата на учениците.

И после таков дебакал, сепак како стручна јавност мислевме дека новото раководство во МОН поучени од неуспехот и постапките на претходното раководство ќе преземе здрави, суштински  и сеопфатни  чекори за креирање на цел екосистем за учење во далечина каде што ќе биде вклучена целата стручна јавност, но уште еднаш останавме разочарани и нашите очекувања не се остварија.

Новиот министер за жал од незнаење што е тоа учење во далечина ентузиастички излезе и промовираше национална платформа за основно и средно образование без притоа да ги спомне сите пропратни базични елементи кои мора да ги имаме во процесот на учење во далечина.

Таа збореше за инфраструктура но ги заборави методиката и педагогијата како главни инструменти за успешно реализиран наставен час, а кои се многу различни од тие за одвивање на настава со физичко присуство во школо. Министерот за жал заборави на ризиците поврзани со  менталното и физичкото здравје на нашите наставници и ученици а поврзани со целата оваа хаотична ситуација во образованието.

Министерот треба да знае дека заради возраста кои ја имаат децата во основно и средно образование нивниот рбетен столб е многу вулнерабилен и подложен на деформитети. Ако на ова се надоврзе и учење на далечина и времето поминато во седечка позиција пред компјутер ризикот за настанување на деформитетите  рапидно ќе се зголеми.

Каде сме денеска. Денеска сме еден  ден пред почетокот на Учебната година и ја имаме следната ситуација.

  1. Платформата се тестира и се работи на нејзина оптимизација велат од МОН
  2. Наставниците сеуште  не можат да се логираат а камоли да ги спремат наставните програми и онлајн часови.
  3. Наставата утре ќе почне на принцип  СНАЈДИ СЕ КАКО ЗНАЕШ И УМЕЕШ.
  4. Од МОН соопштуваат дека платформата функционира на Десктоп компјутери, лаптоп, таблет и мобилен смарт фоне. Тоа не е така и ве предупредуваме дека платформата освен што не обезбедува иста функционалност кај сите ИТ уреди, на пример кај таблетите и смартфоните значително е намалена прегледноста на сите функционалности, големината и резолуцијата на екранот значително би го влошиле здравјето на децата, Истотака, напоменуваме дека за да може да ги добие сите функционалности на Платформата за следење на онлине настава во живо треба да се инсталира Microsoft Teams кој што бара модерен ИТ уред и соодветен оперативен систем со што дополнително сите семејства кои имаат ученик дома треба да се снабдуваат со нов компјутер.

 

Ние како коалиција Алијанса за Албанците и  Алтернатива свесни дека целата ситуација и неспремност на надлежните институции,  како од технички, така и од методолошки и педагошки аспект ќе предизвика големи штети на квалитетот на учењето, но и на здравјето на нашите граѓани и најважно здравјето на оние во чии раце се наоѓа иднината на нашата земја.

Затоа ние како коалиција му нудиме експертиза на оваа неспособна Влада со цел да ги надминеме овие предизвици со помала штета кон образовниот систем но и кон квалитетот и здравјето на нашите деца.

Затоа предлагаме:

  1. Реално системско решение со цел екосистем за учење на далечина
  2. Креирање на национална стратегија на образование во далечина и креирање на Кризен штаб наменет само за следење и креирање на протоколи додека трае наставата во далечина составена од експерти, МОН, МТСП, М за Здравство,  БРО, Универзитети, НВО, и центри за неформално образование кои во реално време ке реагираат на отстранување на недостатоците во образовниот процес со креирање на краткорочен и долгорочен план и програма како за образовните процеси така и за подигнување на свеста за можни последици во текот на пандемијата и намалување на ризиците во текот на образовниот процес.
  3. Модуларен пристап, што значи наставата да се организира модуларно со што ќе придонесе на подобрување на наставниот процес, можна интерна и екстерна интеракција помеѓу учениците и наставниците од различни школи.
  4. Јасни протоколи за настава и оценување соодветни за учење и оценување во далечина но не униформни туку посебни за секое одделение
  5. Обуки за наставниците, учениците и родителите поврзани со платформата, правилниците и протоколите
  6. Да се организираат едукативни предавања за родителите, наставниците и учениците  со теми  за Ергономија и правила за работа пред компјутер и теми кои се поврзани со Деформитетите на рбетниот столб- Сколиози и Кифози.
  7. Ранливите семејства да бидат дел од владините мерки и да бидат поддржани со средства за набавување на ИТ опрема и соодветна интернет  инфраструктура за учење во далечина
  8. Под итно да се купат лаптопи за секој наставник, микрофони, графички таблети и соодветен интернет пакет за нормално одвивање на наставата во далечина.
  9. За наставниците кои ке држат  физичка настава бараме да добиваат дополнителни парични средства за тоа што ќе бидат изложени на дополнителни ризици
  10. Програма за стекнување на вештини за секое семејство кое има ученик со цел да можат соодветно да ги поддржат своите деца во образовниот процес.
  11. Сите ученици треба да имаат материјалите на нивниот мајчин јазик со цел да не се чувствуваат дискриминирани.
  12. Креирање на јасни протоколи за комбиниран систем за оценување со можност за нумеричко и описно оценување.
  13. Да се вклучат сите универзитети на нашата држава и целата стручна јавност од сите области со цел да се направи реална национален платформа со сите перформанси како од техничка гледна точка така  и од аспект на методика и педагогија.
  14. Да се креираат или адаптираат мултимедијални материјали за секоја наставна програма

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави