Skip to main content
Македонија

Полициска опсада во Арачиново, дронови го надгледуваат Чаир

16/12/2024  00:14

Специјални полициски единици вечерва извршуваат засилени контроли на возила кои влегуваат и излегуваат од Арачиново, објави Портал Икс.

Според првичните податоци, најмалку едно лице во моментов е недостапно за органите на прогонот, а потрагата по него е во тек. Полицијата за таа цел користи и дронови, кои активно го надгледуваат теренот во Чаир.

Оваа акција е дел од засилените мерки за сузбивање на криминалните групи, а полицијата најавува дека ќе продолжи со оперативните активности во наредниот период. Повеќе детали се очекуваат по завршувањето на акцијата.

Screenshot