Skip to main content
Македонија

Мисајловски: Продолжуваме да инвестираме за потребите на Армијата, за заштита на нашите граѓани, за Македонија!

10/12/2024  14:45

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, заедно со претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска Давкова и генералите во Армијата, присуствуваше на годишниот брифинг за состојбата и реализацијата на плановите и задачите на македонската Армија за 2024 година од страна на началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски.