Skip to main content
Скопје

Герасимовски: Во среда голема хуманитарна акција „Се шишаме и донираме”, помагаме кадешто е најпотребно

16/12/2024  09:55

Општина Центар во соработка со берберниците Rera, Mr.Barber, Popeye, Cimer и Tose Stance кои работат на територија на општината, во среда, 18 декември организираат голема хуманитарна акција „Се шишаме и донираме” за да донесе радост онаму кадешто е најпотребно во пресрет на новогодишните празници.

 „Ги поканувам сите скопјани да бидат дел од оваа убава хуманитарна иницијатива која ќе биде надеж за нечиј живот. Центар е солидарна општина која се грижи за сите граѓани, ајде заеднички да создадеме подобри услови за оние на кои им е потребна нашата поддршка. Во пресрет на новогодишните празници хуманоста нека нѐ зближи”, истакнува Герасимовски.

Акцијата ќе трае во текот на целиот ден и е отворена за сите оние кои сакаат да придонесат за доброто на својата заедница.