Skip to main content
Македонија

Возете внимателно, забрана за камиони и намалена видливост на Стража

15/12/2024  10:53

Од 06:55 часот утрово, на патниот правец Гостивар – Стража и обратно, воведена е забрана за движење на тешки товарни возила, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

„На планинскиот премин Плетвар регистрирана е намалена видливост до 50 метри поради појава на густа магла. Ги потсетуваме возачите дека е неопходно користење на соодветна зимска опрема и прилагодување на брзината според условите на патот“, се наведува во соопштението на АМСМ.

Возачите се советуваат да ја следат состојбата на патиштата преку редовните ажурирања на АМСМ и да избегнуваат непотребни патувања низ погодените подрачја.