Search

Љубчо Георгиевски ќе го тужи ВМРО-ДПМНЕ, не се откажува од титулата почесен претседател

Првиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а подоцна и почесен претседател, Љубчо Георгиевски, не е задоволен од последните статутарни измени во неговата поранешна партија и смета дека веќе стекнатото право како почесен претседател на партијата не може да му биде одземено. Тој веќе го подготвува адвокатскиот тим за покренување на тужба против ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи согласно позитивната правна регулатива веќе стекнато право не може да биде одземено, пишува Поглед.мк.

Со последните измени во статутот на партијата се укинуваат позициите почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Освен Љубчо Георгиевски, почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ беше и Никола Груевски.

Досега изостана  реакцијата на Груевски на статутарните промени во партијата.

Треба да знаете
Последни објави