Skip to main content
Скопје

Јакимовски се извини на министерката Јаневска и повика на дијалог за решавање на долговите за греење на училиштата во Карпош

17/10/2024  14:29

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, јавно и се извини на министерката за образование, Весна Јаневска, за тоа што вчера ја нарече „северџанка“ во јавен коментар. Во неговото извинување, Јакимовски истакна дека го цени нејзиниот труд и дека овој коментар не бил заслужен, но и нагласи дека потребен е итен дијалог за решавање на долгогодишниот проблем со долговите за греење на училиштата во Карпош.

„Минатата година плативме 6 милиони денари, годинава имаме 8,3 милиони денари за греење. Тоа се големи пари за локалната самоуправа. Од друга страна, имаме општини кои имаат на располагање многу повеќе средства. Жал ми е што мораме да се препукуваме во јавноста, но треба да се расчистат овие прашања за наредниот буџет,“ додаде тој.

Јакимовски ја повика Јаневска на средба за да најдат заедничко решение за проблемот, изразувајќи подготвеност за конструктивен дијалог за обезбедување на подобри услови за функционирање на училиштата.