Search

Шок за Нетси: Дурант си оди од Бруклин, сака да биде трејдуван во Феникс

Еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, Кевин Дурант, официјално побарал да си замине од Бруклин нетс, иако само пред неколку дена Кајри Ирвинг реши да остане кај Мрежичките од Бруклин и да земе 36 милиони долари од платата за следната сезона.

Според дел од медиумите во САД, Дурент побарал да биде трејдуван во тимот на Феникс Санс, а наскоро ќе биде познато каде точно ќе продолжи одличниот поентер.

Популарниот „КејДи“ помина три сезони во дресот на тимот од Њу Јорк, но и покрај тоа што играше со плеада големи имиња не успеа да стигне до нов шампионски прстен.

Минатата сезона Дурент имаше одличен скор и во просек уфрлаше по 30 поени на натпревар, на кои додаваше уште по седум скокови и шест асистенции.

Доколку Дурант замине во Санс, тој тим ќе стане главен фаворит за титулата во следната сезона. Во трампата, од Феникс во Бруклин би заминале неколку играчи, но во тимот би се формирало трио Крис Пол-Девин Букер-Дурант, кое треба да биде гаранција за успех.

Треба да знаете
Последни објави