Search

Шерон Стоун го донесе гламурот на црвениот тепих во Кан

Шерон Стоун го красеше црвениот тепих на проекцијата на филмот на Валерија Бруни Тедески,  „Засекогаш млади“ (Forever Young) во рамки на филмскиот фестивал во Кан во неделата.

Облечена во сино-бела креација на „Долче и Габана“ со драматичен додаток, 64-годишната актерка ги воодушеви присутните кога го отфрли дополнителниот дел од фустанот закачен на нејзините колкови.

Со мала асистенција од двајца манекени облечени во костуми, ѕвездата на „Ниски страсти“ лесно се ослободи од дополнителното здолниште. Потоа позираше во друга верзија на фустанот што ја истакна нејзината тенка фигура. Ваквиот потег предизвика бурен аплауз од фановите.

 

Треба да знаете
Последни објави