Search

Кинеска пејачка почина откако се сопна и ја удри главата на бината

Кинеска пејачка почина на сред концерт во Чонгкинг, Кина, откако се сопна од фустанот и ја удри главата на бината, објави Мирор.

Пејачката (31) на 12 април настапила на 90-тиот роденден на пензионер во дом во Чонгкинг.
Таа останала да лежи неподвижна на бината по падот додека вработените во пензионерскиот дом се обидувале да ја реанимираат, по што била пренесена во блиската болница во Чонгкинг.

И покрај напорите на лекарите, пејачката починала набргу по пристигнувањето во болница.

Таа претходно истиот ден изјавила дека се чувствувала лошо.

Треба да знаете
Последни објави