Skip to main content
Магазин

Шерифовиќ за сурогат-мајката што ѝ го роди синот: Некои луѓе седат под карпа

31/10/2024  14:24

Марија Шерифовиќ откако пред речиси една година стана мајка на синот Марио, кој ѝ го роди сурогат-мајка, 39-годишната пејачка, конечно проговори на оваа тема при неодамнешното гостување во емисијата на српскиот водител Огњен Амиџиќ.

„Ужасно ми пречи што на Балканот, со должна почит кон сите нормални, цивилизирани луѓе, луѓето седат под карпа. Седам во Америка, се сончам и читам како луѓето во весници, емисии, утрински програми велат дека оваа жена е врзана за радијатор, како ја малтретирале. Почитувани, ова е процедура за која се потребни илјадници документи, потпишани документи“, додаде Шерифовиќ.

Таа изјавила дека сурогат-мајките не се третираат како робови, како што многумина мислат, и дека во нејзиниот случај сурогат-мајката добивала третмани, како масажи и помош од чистачка на куќата.

Таа е жената што помогна да ми се исполни мојата најголема желба во животот. Имавме најблиска можна врска, разговаравме секој ден, заедно ги поминувавме сите предизвици во бременоста, заедно одевме на прегледи“, изјави претходно Марија.

Пејачката откри дека во неколку наврати се обидела да стане мајка, но не можела да ја поднесе бременоста, поради што на крајот се одлучила за сурогат-мајка. Инаку, Шерифовиќ не сака да открие кој е таткото поради договорот за приватност, но рече дека нејзиниот син ќе знае сè за тоа кога ќе дојде време.