Search

Циндриќ: Во Вардар ги остварив моите соништа

Хрватскиот ракометен интеранционалец Лука Циндриќ денеска е еден од најдобрите играчи на светот. Член е на шпанскиот гигант Барселона, но за стигне до таму мораше да мине долг пат кој добар дел го водеше низ Македонија.

Циндриќ играјќи за Металург и Вардар се лансираше на ракометната сцена. Во интервју за хрватските медиуми Циндриќ признава дека имал лоши и убави моменти додека бил на ракометната сцена во Македонија. За периодот поминат во Металург со кого водеше спор кога клубот од Автокоманда го тресеше финасиска криза вели дека е најтешкиот за него во кариерата, додека пак голема пресвртница во кариерата направил со враќањето во Македонија и настапот во „црвено-црниот“ дрес на Вардар со когоа сотана и европски првак.

-Моето доаѓање во Вардар беше пресвртница во кариерата. Најтешкиот период во кариерата ми беше кога беа на суд со Металург затоа што не сакаа да ми дадат исписница. Беше навистина лоша атмосфера, клубот се распаѓаше, немаше пари четири, пет месеци… Сите други добија исписници  мене не ми даваа, не знам од кои причини. Плус тоа бараа пари за да заминам, а не ме плаќаа вели Циндриќ.

-Половина година по непријатните мигови со Металург невмав клуб. Тоа беше многу стресен период. Потоа следуваше Вардар. Се појави  поголема желба, инает… Секако наредија коцките. Имав добар тренер Раул Гонзалес кого најмногу напредував – додава Циндриќ.

Хрватскиот репрезентативец Циндриќ не го забаорава и освјувањето на европската титула со Вардар.

-Тука ги остварив моите соништа. Од секогаш како дете си замислував како го давам победничкиот гол во последна секунда на важен натпревар. Тие соништа ве туркаат напред, сакаш да ги оствариш. Пазете, јас ѝ давам гол на Барселона, на мојот омилен клуб. Тоа не се опишува. Таа ноќ не можев да спијам од возбуда, од се. Тоа е нешто веројатно се случува еднаш во животот – открива Циндриќ во интервјуто за „Нет.хр“.

Треба да знаете
Последни објави