Search

Холандија повторно има рекорден број новозаразени лица со коронавирусот

Во изминатите 24 часа во Холандија се регистрирани 1.972 нови случаи на инфицирани лица со коронавирусот, објавија денеска здравствените власти. Ова е четврти ден по ред со рекорден број на нови случаи.

Податоците за бројот на случаи ги доставуваат локалните здравствени власти низ Холандија, и секојдневно ги објавува Националниот институт за здравство.

Владата на премиерот Марк Руте се очекува подоцна да објави регионални мерки, како забрана за големи собири и порано затворање на баровите и рестораните, како одговор на зголемувањето на случаите на коронавирус.

Треба да знаете
Последни објави