Search

Франција урива рекорди со повеќе од 13 000 новозаразени од коронавирусот за еден ден

Франција денеска објави 13.215 нови случаи на инфекција со коронавирус во последните 24 часа. Тоа е нов дневен рекорд, пренесува Ројтерс.

Покрај тоа, 123 лица починале од ковид-19, со што бројот на починати од коронавирус достигна 31.249.

Како што расте бројот на новоинфицирани, повеќето региони и градови во Франција имаат засилени ограничувачки мерки. Ница објави дека ќе забрани јавни собири на повеќе од 10 лица и ќе го ограничи работењето на локалите. Слични мерки во понеделникот веќе беа воведени во Марсеј и Бордо.

И Париз, каде заразата се шири најбрзо, забрани јавни собири на повеќе од десет лица. Властите испратија препорака да не се одржуваат приватни собири на повеќе од десет лица.

Треба да знаете
Последни објави