Search

Филипче на состанок со директори на здравствени домови: За ризичните групи вакцинацијата против Ковид-19 е приоритет и високо препорачана

За ризичните групи вакцинацијата е приоритет и високо препорачана. На денешниот состанок со директорите на здравствените домови од целата држава разговаравме за организирањето и спроведувањето на процесот на вакцинација против Ковид-19, објави денеска на својот фејсбук – профил министерот за здравство Венко Филипче.

Вакцинацијата, посочува министерот, ќе се одвива во вакциналните пунктови во здравствените домови низ државата, болници и други здравствени капацитети.

-Поставуваме посебен модул на коронавирус вакцина, идентичен како оној кој сега се користи за други вакцини. За нашите колеги во вакциналните пунктови ќе биде стандардна постапка за давање вакцина, но бидејќи е нова вакцина ќе се организира едукативен тренинг, напиша Филипче.

Треба да знаете
Последни објави